Фаворитот МЗТ пресилен за Куманово

20.12.2011 20:42 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово загубија во последниот натпревар во 2011 година од екипата на МЗТ Скопје со резултат 104:75.

Фаворитот МЗТ пресилен за Куманово

Куманово беше рамноправен противник само во првата четвритна која заврши со резултат 29:24 за домаќинот на мечот. Отпорот на кумановчани беше скршен во вториот период кога МЗТ успеја четвртината да ја заврши со резултат 34:12 или вкупни 63:36.

Кандидатот за АБА лигата, го одржуваше водството до крајот на мечот, и постави конечен резултат од 104:75.

Најефикасни играчи на мечот беа Тодор Гечевски со 22 поени, а во Куманово Милан Јанушевиќ постигна 22.

Од првиот дел од кошаркарското првенство преостануваат два натпревари и тоа против АБА Струмица на домашен терен и против Вардар на гостински. Лигата продолжува на 28.јануари следната година, а Куманово 2009 има доволно време за припреми кои би ја оствариле поставената цел, а тоа е освојување на шестото место и пласман во Супер лигата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk