Федерер е во добри односи со Вавринка

18.11.2014 12:31 | KumanovoNews

Кратко по завршувањето на полуфиналниот дуел помеѓу Федерер и Вавринка, во медиумите излегоа приказни околу наводната расправија после мечот.

Федерер е во добри односи со Вавринка

Дека работата меѓу нив е чиста, покажа и фотографијата која ја објафи Федерер на својот профил, на која се репрезентативците на Швајцарија, заедно пред финалето на Дејвис куп против Франција.

Дали е во прашање вистинско пријателство, или обид да се одржи добрата атмосфера пред битниот меч останува да видиме.

Во својата богата кариера, Рожер Федерер до сега никогаш го нема освоен Дејвис Куп трофејот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk