Федерер: Новак е мојот фаворит

28.08.2012 12:26 | KumanovoNews

Швајцарецот Роџер Федерер изјави дека Новак Ѓоковиќ го заслужува епитетот „фаворит“ на последниот Грен слем сезонава.

Федерер: Новак е мојот фаворит

Федерер на стартот на US Open без проблем го победи Доналд Јанг со  6:3, 6:2, 6:4.

И понатаму мислам декa Новак е фаворит овде-изјави Федерер по првата победа во Њујорк.

Тој е бранител на титулата, освои повеќе титули од останатите играчи на тврда подлога минатата година, а исто така ме победи овде во последните две години-додаде Швајцарецот.

Федерер беше исклучително задоволен по победата во првото коло.

Мислам дека ова е добар старт во исклучителнo тешки услови- рече Федерер и додаде, Доналд е  талентиран тенисер, никогаш претходно не сум играл против него и задоволен сум.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk