Фенербахче по трет пат ги пречека Пинк Пантери

11.04.2019 16:15 | KumanovoNews

Кошаркарскиот клуб Пинк Пантери изминатиот викенд по трет пат гостуваше во Истанбул кај тимот на Фенербахче, каде што кумановскиот состав одигра натпревар со младинската екипа на турскиот клуб.

Фенербахче по трет пат ги пречека Пинк Пантери

Кошаркарите на Пинк Пантери родени 2005/2006 година достојно ја презентираа македонската кошаркаа против своите врсници од познатиот турски клуб.

Покрај одиграните натпревари, тие имаа можност да го проследат во живо натпреварот помеѓу Фенербахче и Макаби, како и да бидат присутни на тренингот на сениорскиот тим предводен од најтрофејниот европски тренер Жељко Обрадовиќ.

Пинк Пантери по трет пат гостуваат на тим кој е еден од најорганизираните во Европа на сите нивоа, што ја потврдуваме нашата долгогодишнасоработка. Одиграниот натпрвар е големо искуство за оваа млада екипа, која имаше единствена можност во живо да види како тренираат Жофри Ловерњ, Никола Калиниќ, Марко Гудуриќ, Луиџи Датоме, Јан Весели и останатите ѕвезди во тимот, а подоцна и да ги гледаат Евролигашкиот натпревар против Макаби. За нас ова гостување претставува огромна чест и задоволство што нашите играчи имаат можност да гостуваат нај еден од најпознатите клубови, стекнуваат непроценливо искуство кое ќе им значи во нивниот кошаркарски развој и поттик да со напорен тренинг еден ден бидат дел од голем клуб - изјави Бојан Златковски, директор на клубот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk