Фенербахче по вторпат ги пречека Пинк Пантери

01.03.2018 10:48 | KumanovoNews

Кошаркарскиот клуб Пинк Пантери со својата кадетска екипа изминатиот викенд гостуваше во Истанбул каде што беа гости на европскиот гигант Фенербахче.

Фенербахче по вторпат ги пречека Пинк Пантери

Ова е второ гостување на Пинк Пантери кај актуелниот Европски кошаркарски првак, каде што кумановчани одиграа два пријателски натпревари со младинските состави на Фенербахче. Во тренинг центарот во Улкер арената на првиот натпревар Пантери извојуваа победа со резултат 70-64, додека на вториот натпревар домаќинот беше убедлив со резултат 84-66.

Иако резултатот беше во втор план, можеме да кажеме дека нашите кошаркари се носе рамноправно со противникот во двата натпревара. За време на престојот во Истанбул нашите кошаркари имаа можност во живо да го проследат Евролигашкиот натпревар помеѓу Фенербахче и Олимпија од Милано. Ние сме презадоволни од приемот и гостопримството, и се надеваме дека соработката ќе продолжи и во иднина - изјави Бојан Златковски, директор на клубот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk