Фени Индустри се одмазди за поразот во Куманово

29.02.2012 19:52 | KumanovoNews

Кошаркарите на Фени Индустри убедливо ја совладаа екипата на Куманово со резултат 101:67. Овој натпревар се одигра во рамките на шесттото коло од кошаркарската Супер-лига.

Фени Индустри се одмазди за поразот во Куманово

Куманово имаше водство во привте минути од натпреварот од еден поен разлика, за да домаќинот во продолжението па се до крајот на мечот константно ја зголемува разликата.

Фени имаше дури шест разиграни кошаркари, и тоа Фрај(16поени), Кирил Николовски (14поени), Марко Симоновски (13п.), Дарко Соколов (12п.) и Владимир Брчков и Душан Кнежевиќ постигна по 11 поени.

Во екипата на Куманово Дејан Микиќ постигна 16 поени, Александар Костовски заврши со 13 поени а Дарко Матиќ и Урош Луковиќ постигнаа по 10 коша. Јањушевиќ повторно беше под своето ниво завршувајки го натпреаврот со 6 поени, сите постигнати од линијата за слободни фрлања.

Следниот натпревар Куманово го игра во сабота против екипата на Лирија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk