Фени Индустри загуби во Куманово

18.11.2012 16:39 | KumanovoNews

Кошаркарите на Фени Индустри загубија на гостувањето во Куманово со резултат 76:71.

Фени Индустри загуби во Куманово

Екипата на Куманово се надмина себеси, успевајки да се врати во натпреварот покрај негатива од 19 коша. Потоа следуваше период во кој кумановчани се вратија во натпреварот. Тогаш на сцената стапи домашниот двоец бекови Димчевски - Костоски кои со своите 43 поени оставија белег на натпреварот и ја доведоа екипата до уште една многу важна победа а при тоа нанесувајки му го и првиот пораз на тимот на Фени.

Најефикасни поединци во Куманово беа Александар Костовски со 23 поени и Ивица Димчевски со 20. Кај гостите Дарко Соколов постигна 16 поени а Бојан Трајковски заврши со 14 поени

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk