Фени, МЗТ и Рилски Спортист се гости на Турнирот Куманово

15.09.2014 14:08 | KumanovoNews

Овој петок во Спортската сала во Куманово ќе се одигра традиционалниот турнир „Куманово 2014“. Екипите на МЗТ Скопје, Фени Индустри и Рилски спортист ќе бидат гости на тимот на КК Куманово.

Фени, МЗТ и Рилски Спортист се гости на Турнирот Куманово

Ова ќе биде прилика за сите љубители на кошарката да ги проследат натпреварите кои се дел од подготовките на тимовите за престојната сезона.

Во петок со почеток во 17:30 часот, првиот натпревар од овој турнир ќе го играат тимовите на МЗТ Скопје и Рилски Спортист, додека од 20:00 Куманово игра против тимот на Фени Индустри.

Во сабота, екипте поразените екипи ќе играат за третата позциија, додека победниците од натпреварот во петок, ќе се борат за освојување на турнирот.

Досега пријателските натпревари на КК Куманово беа од затворен карактер. Ова се првите натпревари каде што ќе може да се види новоформираниот тим на КК Куманово.

Влезницата е 50 денари и важи за следење на двата натпревара.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk