ФФМ го промовира фудбалот меѓу најмалите

22.05.2012 18:52 | KumanovoNews

Утре Фудбалската Федерација на Македонија, на главното фудбалско игралиште „Мио Академија“ во Куманово, со почеток од 09:30 часот ќе го реализираат Проектот ГРАСРУТ.

ФФМ го промовира фудбалот меѓу најмалите

Станува збор за проект кој има за цел омасовување на фудбалот во нашата држава, да ги привлече децата да го засакаат фудбалот, да почнат да ја играат оваа игра, и секако подоцна да тренираат фудбал.

Во проектот ќе учествуваат 150 ученици од основните училишта: „Крсте Мисирков“, „Браќа Миладиновци„ и „Христијан Карпош“ и тоа 75 момчиња и 75 девојчиња.

Целиот овој настан трае околу 80 минути, има 10 различни полигони со 10 различни игри. На секој полигон има обучено тренер со Ц национална лиценца од Фудбалската федерација.

Секое дете што ќе учествува во овој проект ќе добие маичка и спортски гаќички.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk