ФИБА не ја смени одлуката после гледањето на снимката

05.09.2013 08:54 | KumanovoNews

Техничкиот комитет на Европското првенство во кошарка, ја одби жалбата на македонската репрезентација по спорниот момент во последните секунди од мечот во кој Црна Гора триумфираше со 81:80.

ФИБА не ја смени одлуката после гледањето на снимката

Спрема правилата на ФИБА Европа, не е возможно менување на одлуки од прегледување на видео снимка.

Спорниот момент се случи во последниот напад на нашата репрезентација, каде по промашувањето на Мекејлеб, Милко Бјелица ја повлече мрежата и ја заниша контрукцијата на кошот додека Чековски се обиде „од одбојка“ да поентира. Топката при слегувачка патека беше исфрлена од Алекса Поповиќ во аут. 

Тогаш настана и забуната, бидејки полскиот судија Томаш Травицки го призна кошот, а италијанецот Герино Керебух свирна аут за Црна Гора.

Можеби е дискутабилна одлуката за признавање на кошот, но Македонија со сигурност требаше да го има последниот напад на натпреварот и да добие нова шанса за остварување на триумф.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk