Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Фудбалската репрезентација на Шпанија успеја да ја совлада Германија со резултат 1:0. Единствениот погодок за финале против Холандија го постигна Пујол.
Шпанците уште на почетокот на натпреварот успејаа да воспостават своја игра со 418 додавања во првите 45 минути, а германците својата шанса ја чека преку контра напади. Виља и Пујол не успејаа да и донесат предност на шпанците во првото полувреме, а Троховски и Озил беа најопасни по голот на Касиљас.
Опсадата по голот на Ноер продолжи и во второто полувреме, каде „панцирите“ не успеваа да организираат напад. Во игра влезе Тони Крос, кој имаше идеална шанса со волеј да донесе предност на Германија. Неколку минути подоцна, по корнерот кој го изведе Чави, Пујол со одличен удар со глава ја смести топката во мрежата на Ноер и го најави славјето на Шпанија.
Шпанците можеа да ја осигураат победата во 82. минута кога Педро го изведе најсебичниот потег на мундијалот, недодавајки му ја топката на Торес кој минута пред тоа го замени Давид Виља.
Шпанија го игра првото финале на Светските првенства, во недела против екипата на Холандија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk