ФК Карпош 93 прв на турнир во Лесковац

26.02.2018 14:15 | KumanovoNews

Фудбалерите на Карпош 93 учествуваа на турнир Србија, каде што во финалниот меч после пенали го освоија првото место.

ФК Карпош 93 прв на турнир во Лесковац

    Меморијалниот турнир беше во организација на екипата Млади Борац Живково кои одлично не пречекаа, а покрај нашиот тим, учестуваа уште 3 домашни екипи. Ова е 72.меморијален турнир кој дефинитивно оваа година ќе го памтиме по лошото време.  - изјави Тони Илиевски.

За тимот на Карпош настапија Никола Стевковски, Даниел Николовски, Дејан Марковски, Тони Илиевски, Ангелчо Благоевски, Ненад Петровски, Драган Станојковиќ, Игор Максимовиќ, Влатко Ангеловски, Далибор Тасевски, Оливер Марковски, Стефан Арсовски, Марјан Стаменковиќ а тим менаџер на тимот е Драган Николиќ

ФК Карпош 93 се натпреварува во Општинското првенство.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk