ФК Куманово Еуроспорт на турнир во Австрија

06.01.2015 10:43 | KumanovoNews

Фудбалскиот клуб Куманово Еуроспорт ќе учествува на меѓународниот турнир во Виена - Австрија за деца генерација 2005, кој ќе започне на 30 јануари годинава.

ФК Куманово Еуроспорт на турнир во Австрија

Куманово Еуроспорт е единствена екипа од Македонија која ќе ги брани државните бои што претставува голема чест за клубот.

 На овој турнир ќе му претходат подготовки за избор на најдобри фудбалери од Куманово. На 10 и 11 јануари во спортската сала во населбата Перо Чичо ќе се одиграат неколку натпревари на кои можат да учествуваат и фудбалери кои не се членови на клубот. Најдобрите ќе замина на турнирот во Австрија, - вели претседателот на клубот Александар Маневски.

 Од клубот најавуваат дека ќе има уште вакви меѓународни турнир за сите генерации.

 
Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk