ФК Куманово Еуроспорт освои прво место на „Пандев Куп 2018“

16.03.2018 10:31 | KumanovoNews

Во организација на ФК Академија Пандев, изминатиот викенд се одржа „Пандев Куп 2018“ каде што Куманово Еуроспорт го освои првото место.

ФК Куманово Еуроспорт освои прво место на „Пандев Куп 2018“

На турнирот учество зедоа 64 екипи од од Македонија, Србија, Бугарија и Хрватска а младите фудбалери кои се натпреваруваа се родени од 2006 до 2009 година.

Куманово Еуроспорт беше прв во конкуренција од 16 екипи во генреацијата 2006 година, и успеаа да го освојат првото место на турнирот. На турнирот настапи уште една екипа на кумановскиот состав, генерација 2007 кои од меѓу 16 противници завршија на 5.место.

Од клубот изјавија дека се презадоволни со постигнатиот резултат и се надеваат дека во иднина ги очекуваат нови меѓународни турнири.

„Пандев Куп“ се очекува да прерасне во најспектакуларен турнир за малди категории, а неговиот втор дел, ќе се одржи во август кога ќе настапат фудбалери родени 2002-2005 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk