ФК Куманово Еуроспорт склучи договор со Академија Пандев

06.06.2017 10:23 | KumanovoNews

Изминатиот викенд, Куманово Еуроспорт ја официјализираше соработка со Академија Пандев.

ФК Куманово Еуроспорт склучи договор со Академија Пандев

Целта е да се опфатат децата од 6-16 години со посебен акцент на групите од  7-12 години кои би работеле по нов систем на организација и под унифицирана програма.

Академија Пандев ќе врши селекција на најдобрите деца од нашата фудбалска школа и оние деца што ќе бидат селектирани ќе продолжат да тренираат и натпреваруваат во Академија Пандев. Исто така ќе биде направена селекција на деца за учество на бесплатни меѓународни турнири - изјавија од ФК Еуроспорт Куманово.

Ф.К. Куманово Еуроспорт е еден од најуспешните клубови за млади фудбалери, клуб кој е насочен кон развојот и напредокот на најмалите деца кои сакаат да се занимаваат со фудбалот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk