ФК „Куманово“ ветерани доби засилување со нови членови и поддршка од надлежните

24.03.2023 08:22 | Оливера Пешевска

Фудбалскиот клуб „Куманово“ ветерани, кој е формиран пред девет месеци добива се поголема поддршка од фудбалерите, спортските работници и надлежните. 

ФК „Куманово“ ветерани доби засилување со нови членови и поддршка од надлежните

Минатата недела се поделени нови 30 членски книшки, со што бројката на активни членови сега изнесува 90.  Здружението на ветерани на ФК „Куманово“ е формирано во август минатата година, со цел да се возобнови фудбалот во Куманово. 

„Кај постарите играчи, тренери, фудбалски судии видлива е огромна мотивираност и елан и се надеваат дека ќе служат за пример за помладите генерации фудбалери. План ни е годинава да организираме и четири фудбалски турнири на кои ќе поканиме екипи како Борец од Велес, Брегалница од Штип и Скопје. На турнирите сакаме да дадеме свој придонес во значајните денови за градот, како што се: 1 Мај, 8 Септември, 11 Октомври и за Денот на градот - 11 Ноември“, изјави Чедомир Атанасовски, член на клубот.

Клубот работи со самофинасирање и годишната членарина изнесува 1000 денари, а ветераните очекуваат поддршка од Општина Куманово и  спонзори.

На промоцијата на новите членови присуствувале и претседателот на Сојуз на спортови Куманово Филип Колевски и претседателот на новоформираниот Градски фудбалски клуб Владимир Павловски.

Овој спортски собир беше поддржан од страна на Општинскиот сојуз на спортови.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk