Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
ФИФА и Судот за Арбитража во Лозана, ја казни ФК „Победа„ од Прилеп со 8-годишна суспензија од настап на домашните фудбалски терени. ФФМ, ја казни и тетовска Шкендија одземајќи и 6 бода на второлигашкото конто, откако остана со неподмирени обврски кон тројца свои поранешни фудбалери.
Натпреварите кои екипата на Победа ги одигра во првиот и вториот круг на натпревари во 2009/2010 година остануваат со постигнатите резултатите. Додека во наредните натпревари (29, 30 и 31 коло од Првата фудбалска лига на Македонија) фудбалскиот клуб, кој треба да одигра натпревар со ФК „Победа„ натпреварите ќе ги добива со службен резултат 3:0,а согласно правилникот на Фудбалската федерација на Македонија.
Во образложението на одлуката на комесарот за натпревари, Миле Спирковски, се вели дека по потврдата од Арбитражниот суд во Лозана за осум годишна суспензија на Победа од европските натпреварувања, ФИФА донесе одлука македонскиот клуб да се суспендира и од домашните натпреварувања. Истата сега само се имплементира.
Комесарот за натпревар при ФФМ, ја казни и тетовска Шкендија одземајќи и 6 бода на второлигашкото конто, откако остана со неподмирени обврски кон тројца свои поранешни фудбалери.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk