ФМП Академија победи по пенал рулетот против Куманово

07.11.2020 19:51 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово го забележаа првиот пораз во домашното првенство. ФМП Академија беше попрецизен во пенал рулетот во последната минута од натпреварот и забележа победа од 91-89.

ФМП Академија победи по пенал рулетот против Куманово

Ниту една од двете екипи не успеја да направи двоцифрена предност, што покажува дека квалитетот на тимовите е тука некаде и честото менување на предноста зависеше од моменталното расположение на актерите на теренот.

Куманово имаше иницијатива во првата четвртина кога стинга до 9 поени предност. ФМП ја намали разликата по што следуваше резултатска клацкалица и до средината на последниот период никој од тимовите немаше поголема предност од 5 поени а меѓусебе водството го разменија повеќе од 20 пати.

ФМП го премина прагот од 5 поени во последнот период, кога имаше максимални 7 поени предност, меѓутоа Куманово не дозволи предвреме да биде завршен натпреварот. Клучна беше тројката на Црниќ кога Куманово изедначи и резултатот на семафорот беше 88-88. Херис погоди три од четирите слободни фрлања во последните два напада, додека за Куманово Андреј Цветковски погоди едно од двете, а подоцна Црниќ одкако го промаши првото слободно фрлање, намерно промашуваше во обид да дојдат до офанзивен скок кој би донел најмалку нерешен резултат.

Дуелот во кој и двата тренери играат против својот поранешен тим заврши во корист на Александар Петровиќ со резултат 91-88.

Стефан Крстајиќ беше најефикасен поединец на натпреварот со 32 поени. За Куманово Александар Андрејевиќ постигна 24 поена.

Во следното коло Куманово го пречекува Гостивар.

Фото: youtube.com - screenshot
Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk