Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вчера во Куманово се одигра последниот натпревар од Европското првенство во фудбал за жени на возраст до 19 години. Полуфиналниот натпревар се играше 120 минути, но сепак за крајот одлучија пеналите.
На досегашните три натпревари Германија покажа дека ќе биде меѓу победници, но по вчерашната игра пеналите олучија кој ќе биде победник и Франција ја елиминираше Германија.
Франција дојде во водство во 19 минута, а фудбалерките на Германија изедначиа во 39-тата минута.На крај по изведување на пеналите екипата на Франција победи со 5:3. Досега на ваквите првенства Германките имаат освоено 5 титули, додека другите земјиучеснички немаа повеќе од една титула.
Финалето на Европското првенство во фудбал за жени на возраст до 19 години ќе се одржи во сабота во Скопје на стадионот „Филип Втори„ помеѓу репрезентациите на Англија и Франција.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk