Фудбалерки од “Кочо Рацин“ на регионален натпревар

05.04.2013 14:44 | KumanovoNews

Женската фудбалска екипа од ОУ “Кочо Рацин“, во сабота ќе учествува на регонален натпревар во Ранковце.

Фудбалерки од “Кочо Рацин“ на регионален натпревар

Тоа се ученички од шесто до осмо одделение. На општинско ниво освоија прво место. Сега се подготвуваат за регионален натпревар, и секој ден по часовите имаат тренинг. Имаат интерес, желба за овој спорт, а нив ги подготвува професорот по физичко образование, Трајче Николовски - вели директорот Драгиша Цветковиќ.

Тој објаснува дека лани нивните ученички биле државни прваци во футсал во Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk