Фудбалот го играат луѓе а не роботи

19.09.2010 12:27 | KumanovoNews

Поранешниот претседател на УЕФА Ленарт Јохансон смета дека во фудбалот нема место за технологија и дека човечките грешки се составен дел од играта.

Фудбалот го играат луѓе а не роботи

Швеѓанинот истакна дека неговиот наследник Мишел Платини подвлекол вистински потег кога ја отфрлил идејата да се воведат камери на гол линиите и одлучил да експериментира со поголемиот број на судии.

Верувам во неговата идеја. Мислам дека е во право кога изјави дека се би било бред со уште 2 судии, зад секој гол. Лично се соочувам со фактот дека тоа го судат луѓе, а луѓето прават грешки. Ова е игра за луѓе не за роботи. - истакна 80 годишниот Јохансон.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk