Фуриозен почеток на Ѓоковиќ на Ју-Ес опен

29.08.2012 07:23 | KumanovoNews

Новак Ѓоковиќ стартуваше одлично на гренд-слем турнирот Ју-Ес опен откако го доби мечот од првото коло против Паоло Лоренци со само два загубени гејма

Фуриозен почеток на Ѓоковиќ на Ју-Ес опен

6:1/6:0/6:1 по сетови е постигнатиот резултат на дуелот во кој актуелниот шампион на турнирот во Њујорк ја потврди својата одлична форма и сега го очекува својот следен противник, Бразилецот Рожерио Силва.

Пласман во следната рунда обезбеди и Американецот Енди Родик кој со 3:0 го совлада младиот сонародник Вилијамс, а од фаворитите до победи стигнаа и Бердих, Цонга, Раониќ, Томиќ и Алмагро.

На женскиот дел од турнирот, сестрите Вилијамс немаа проблеми со своите противнички. Серена ја победи Вандевеге со 2:0, а Винус со истиот резултат беше подобра од Матек-Сендс.

Изненадување направи Романката Бегу која со убедливи 2:0 ја победи Каролина Вознијацки која со овој пораз ќе го загуби и местото во Топ 10 на ВТА ранкингот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk