Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На стадионот Милано Арена, денеска во Куманово се одигра првиот натпревар од Европското првенство во фудбал за жени до 19 години. При тоа репрезентацијата на Германија ја совлада Италија со 4:1.
Во првото полувреме поефикасни и подобра игра покажаа фудбалерките на Германија, кои три пати ја затресоа противничката мрежа додека во вториот дел гледачите имаа можност да гледаат рамноправна игра. Головите за Германија ги постигнаа Кира Малиновски 1:0 - 15минута, Хасрет Рауикци 2:0 - 25минута, Багехорм Марјев Симон 3:0 - 35минута, Симон Конолун 4:0 - 47 минута, а Марта Мосон во 65 минута го постигна единствениот гол за италијанската репрезентација.
Фудбалерки ги подржаа околу 1500 гледачи на трибините од кои поголемиот дел беа млади луѓе кои имаа можност да поминат несекојдневно спортско попладне.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk