Голден Стејт триумфира против Денвер

03.05.2013 10:01 | KumanovoNews

Шестиот носител на Западот, Голден Стејт успеа да слави на домашен терен со 92:88 и со тоа да се пласира во втората рунда со триумф од вкупни 4:2 над третиот Денвер.

Голден Стејт триумфира против Денвер

Тимот кој цела сезона изненадуваше и кој во еден момент се наоѓаше блиску и до самиот врв на Западот во плејофот докажа дека тоа не било случајно.

Кари со 22 поена и осум асистенции беше  најефикасен кај Голден Стејт. Во редовите на победникот, најдобра партија по камбекот од повредата ја имаше Ендрју Богут. Австралиецот оствари лични плејоф рекорди од 14 поени и 21 скок. Дебитантот Дрејмонд Грин со своите 16 поени и десет скокови имаше придонес од клупата за резерви.Андре Игудала со своите 24 поени и девет скокови не му беше доволен на Денвер, нe помогнаа ниту 17-те поени на Тај Лосон.

Вориорси обезбедија дуел со вториот носител на Западот Сан Антонио во конферециското полуфинале до кое Спарси претходно дојдоа со чистите 4:0 во серијата со Лејкерси.

Серијата почнува в понеделник.

Домаќин е Сан Антонио.На вториот дуел синоќа, Бруклин  славеше победа на гостувањето кај Чикаго 92-95 и се избори за мајсторкаили седми натпревар против Чикаго.Ендрај Блаше погоди две слободни на 19 секунди за победа на гостите и се избори за седми натпревар кој треба да се одигра утревечер.  Тројцата најдобри играчи кај Бруклин, Џое Џонсон, Брук Лопез и Дерон Вилијамс постигнаа по 17 поени, за разлика од нив Чикаго настапи без тројца стартери поради повреди: Луол Денг, Дерик Роуз и Кирк Хајнрих. 

Вечерва се играат четири натпревари: Бостон-  Њујорк (2-3),Атланта -Индијана (2-3), Хјустон -Оклахома Сити (2-3) и Мемфис- Лос Анџелес Клиперс (3-2).

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk