Голема победа за Македонија, одиме во Белград!!!

19.01.2012 21:34 | KumanovoNews

 Македонските ракометари обезбедиja пласман во втората фаза од ЕП во Србија.Со резултат 27:21 Македонија ја совладаа Чешка.

Голема победа за Македонија, одиме во Белград!!!

Во салата „Чаир“ во Ниш, пред повеќе од 4.000 навивачи, Македонија извојува победа во клучниот натпревар за пласман во финалната фаза во Белград.

Најуспешни беа капитенот Кирил Лазаров кој постигна седум и Филип Миркуловски со пет погодоци. Разврската беше во второто полувреме, кога Чесите паднаа во играта, а македонските ракометари ја искористи предноста и стигна до посакуваната победа.

Првиот дел заврши нерешено, а во вториот дел со играта на Лазаров и Миркуловски се направи разлика во резултатот и на крајот сосема заслужено се извојува победата.

Големата победа кумановци излегоа да ја прослават на улиците, со вклучени сирени и  развиорени знамиња.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk