Големиот ПСЖ падна пред Металург

29.09.2013 07:42 | KumanovoNews

Во второто коло од Лигата на Шампионите, ракометарите на Металург забележаа победа во дуелот против ПСЖ со резултат 28:26.

Големиот ПСЖ падна пред Металург

Ракометарите го совладаат најскапиот тим во историјата. Имаа инзвонредна игра исклучиво по паузата каде имаа и резултатска предност од 4 гола.

Во првиот дел од натпреварот и две екипи беа израмнети и ниту еден не успеја да достигне поголема предност од еден погодок.

Најефикасен во редовите на Металург беше Ренато Вугринец со постигнати 9 голови, Гоце Геогриевски, Наумче Мојсовски, Дејан Манасков и Ванчо Димовски со 4 погодоци  и Павел Атман со 3.

Од противничката екипа Фахрудин Мелиќ постигна 6 голови, а по 4 гола и тоа сите од линијата од седум метри постигна Младен Бојиновиќ.

По оваа победа на ракометарите на Металург, тие се единствениот тим од групата Ц кои по две кола имаат максимален учинок на натпреварите во Лигата на Шампионите.

Следниот натпревар е на гостински терен против големата Барселона.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk