Големо зајакнување на кошаркарите

25.09.2010 07:42 | KumanovoNews

 Ѓорѓе Јовановиќ, Ѓорѓе Ѓориќ и Ненад Томашевиќ од Србија се дел од новите кошаркарски имиња кои ќе го зајакнат тимот на КК „Куманово“ во новата сезона.

Големо зајакнување на кошаркарите

 Своја шанса на натпреварувањата во првата лига на македонската кошарка ќе имаат и Виктор Крстевски, близнаците Атанасовски, Даниел Калов од Прилеп и Дарко Станимировиќ.

Сега сме во период на трансфери на нови играчи пред се од нашите прволигаши, но ќе има засилување и од неколку играчи од странство. Првенството започнува на 2 октомври и имаме амбиција да влеземе во првите шест екипи кои ќе се борат во полусезоната за освојување на титулата. Ми претставува голема чест што сум избран на функцијата претседател на кошаркарскиот клуб на Куманово, но истовремено тоа значи и голема обврска.Во процес сме на барање на спонзори кај приватните претпријатија, а веќе имаме добиено неколку спонзорства и се надедеваме дека со финасискиот дел успешно ќе се справиме - вели новиот претседателот Виктор Божиновски.

Сојузот на спортови и Општината Куманово исто така ветуваат дека ќе учествуваат во подигањето на спортот во градот и враќање на традицијата на спортските терени.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk