Горан Димитријевиќ се враќа на чело на КК Куманово

17.06.2013 09:11 | KumanovoNews

Горан Димитријевиќ по пауза од 2 сезони, се враќа на функцијата прв тренер на КК Куманово, одкако во предходните две сезони тоа место беше резервирано за Љубосав Луковиќ.

Горан Димитријевиќ се враќа на чело на КК Куманово

Тимот на Куманово ќе се соочи со речиси целосна трансформација на клубот, одкако веќе извесно Александар Костовски и Урош Луковиќ заминуваат во МЗТ Скопје. Се шпекулира дека Дејан Микиќ, Петар Виларов, Филип Диневски и Мирослав Петровски се на излезна врата од клубот.

Горан Димитријевиќ го предводеше Куманово во втора лига кога како првопласирана екипа се пласираше во Супер лигата. Следна сезона во последното коло не успејаа да се пласираат во Супер-лига со поразот од Лирија на гостински терен.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk