Горан Пандев во посета на Арена Еуроспорт

19.06.2017 13:58 | KumanovoNews

Капитенот на Македонската фудбалска репрезентација и фудбалер на Џенова, Горан Пандев ќе го посети фудбалскиот клуб Куманово Еуроспорт.

Горан Пандев во посета на Арена Еуроспорт

Посетата ќе се реализира наредниот вторник на 27 јуни, како резултат на неодамна започнатата соработка на двата клуба Куманово Еуроспорт и Академија Пандев од Струмица.

„Пандев ќе ги посети младите фудбалери од нашата фудбалска школа Куманово Еуроспорт и ќе оствари средба со претседателот на клубот Александар Маневски. Ни претставува особена чест и задоволство да бидеме домаќини и да го пречекаме за прв пат во нашиот град најголемиот, најдобриот фудбалер Горан Пандев. На овој настан може да присуствуваат и деца кои што не се членови во нашиот клуб, како и сите љубители на фудбалот“, - велат од Куманово Еуроспорт.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk