Градскиот фудбалски клуб Куманово доби нов тренер и голман

12.07.2023 08:46 | Оливера Пешевска

 Даниел Стојановски и Горан Трајковски  се ново засилување во ГФК Куманово во преодниот  рок.  

Градскиот фудбалски клуб Куманово доби нов тренер и голман

Управата на клубот смета дека ангажирањето на двајца кумановци ќе даде резултати во новата сезона и ќе им обезбеди подобар пласман во фудбалската лига. Клубот сега игра во трета лига.

Стојановски, досега беше помошник тренер во Пелистер и главен тренер во Велешта, Воска Охрид и Слога Виница. Тој доаѓа на местото на Жанко Савов. 

„Сметаме дека има капацитет да ја поведе екипата на местото каде што сакаат да ја видат многу кумановци, но и други љубители на фудбалот ширум Македонија“соопштува управата на клубот.

Голманот Трајковски бранел во Работнички, Македонија ЃП, Силекс на два пати, Плачковица, Воска, Саса и Слога Виница.

 Клубот планира да потпише договори и засилување со уште неколку квалитетни фудбалери.

ГФК Куманово е формиран на крајот на минатата година, а Општина Куманово преку програмата за спорт му одобри 1,1 милион денари заради развој на фудбалот во градот. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk