Гвардиола: Само не го посакував Шахтјор

19.03.2011 14:07 | KumanovoNews

Тренерот на Барселона Пеп Гвардиола не е најзадоволен после ждребката за четврт-финалето на Лигата на шампионите, каде за противник го доби украинскиот Шахтјор.

Гвардиола: Само не го посакував Шахтјор

Украинците досега забележаа две од седумте натпревари со Барселона.

Не го сакав Шахтјор, бидејки ги познавам добро, и „не ми се допаѓаат како ривал“ - изјави Гвардиола.

Извршниот директор на Шахтјор Сергеј Палкин изјави дека на екипата ќе и бидат од помош информациите кои ќе им ги даде дефанзивецот Дмитро Чигрински, кој минатата сезона ја помина во тимот на Ноу Камп.

Во ваквите мигови не постојат мали работи, ниту небитни детали. Секоја, па и најмалата ситница ни е битна - изјави Палкин.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk