Хрватска лесно против Финска

12.09.2013 14:14 | KumanovoNews

Репрезентацијата на Хрватска издвојуваше убедлива рутинска победа против репрезентацијата на Финска со резултат 63:88.

Хрватска лесно против Финска

Веќе по првата четвртина беше познат победникот на овој дуел. Хрватска рутинирано стигна до првата победа во групата Ф, а за два дена игра против Италија.

Најефикасни поединци на натпреварот беа Рудеж и Бодгдановиќ со постигнати 17 односно 15 поени. Кај финците Хаф постигна 8 поени.

Од 17:45 на програмата е мечот помеѓу Шпанија и Грција, а од 21 часот Словенија игра потив Италија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk