Ибраими прогласен за фудбалер на годината

28.12.2012 10:33 | KumanovoNews

Македонскиот репрезентативец и фудбалер на Марибор, Агим Ибраими е прогласен за најдобар фудбалер за 2012 година.

Ибраими прогласен за фудбалер на годината

Ова е прв пат во својата кариера напаѓачот да се закити со високото признание, кои синоќа му беше доделено на свечената церемонија организирана од страна на Фудбалската федерација на Македонија.

Ибраими освен што е избран за фудбалер на годината, прогласен е и за најдобар фудбалер во странство во конкуренција на капитенот на Мајнц, Николче Новески, и репрезентативниот капитен и член на Наполи, Горан Пандев.

Остоја Стјепановиќ од Вардар е најдобар фудбалер во домашниот шампионат, додека тренер на годината е екс-кормиларот на „црвено-црните“ и актуелен претседател на ФФМ, Илчо Ѓоргиоски.

Сега веќе поранешниот напаѓач на Вардар, Филип Ивановски, кој ги брани боите на Астана, е прогласен за топ стрелец, додека најдобар млад играч е Давид Бабунски, член на младинскиот тим на Барселона и на У-21 репрезентацијата на Македонија.

Александар Ставрев е најдобар судија, додека Силекс е ферплеј тим за 2012.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk