Индијан Велс: Ноле во осминафинале

13.03.2013 10:01 | KumanovoNews

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на турнирот Индијан Велс, откако го совлада Бугаринот Григор Димитров со 2:0 во сетови, 7:6, 6:1.

Индијан Велс: Ноле во осминафинале

Бугаринот прикажа одлична игра каде имаше и можност да го добие првиот сет, но најдобриот тенисер во светот успеја да ги превземе работите во свои раце и на најдобар можен начин да излезе како победник на овој дуел.

Во осминафиналето Ѓоковиќ силите ќе ги одмери со Сем Квери.

Од останатите фаворити, Дел Потро триумфираше над Пау со 2:0 во сетови, додека идентична победа забележа и Енди Мареј над Лу со 2:0.

Индијан Велс, резултати:

Новак Ѓоковиќ (Србија) – Григор Димитров (Бугарија) – 7:6(4), 6:1
Енди Мареј (Велика Британија) – Лу Јен-Хсун (Тајван) – 6:3, 6:2
Хуан Мартин Дел Потро (Аргентина) – Бјорн Фау (Германија) – 6:2, 7:5
Жо-Вилфред Цонга (Франција) – Марди Фиш (САД) – 7:6(4), 7:6(0)
Милош Раониќ (Канада) – Марин Чилиќ (Хрватска) – 3:6, 6:4, 6:3
Карлос Берлок (Аргентина) – Кеј Нишикори (Јапонија) – 6:2, 6:2
Томи Хаас (Германија) – Николас Алмагро (Шпанија) – 6:3, 6:7(2), 7:6(2)
Сем Квери (САД) – Маринко Матошевиќ (Австралија) – 7:6(5), 6:7(7), 7:5
Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk