Истанбул е домаќин на шаховска олимпијада

29.08.2012 09:43 | KumanovoNews

Македонска машка и женска шаховска селекција ќе учествува на 40- та по ред олимпијада за шах во Истанбул.

Истанбул е домаќин на шаховска олимпијада

Нашите шахисти се на 49 место меѓу 158. земји учеснички. Владимир Георгиев, Трајко Недев, Влатко Богдановски, Филип Панчевски и Атанас Кизов се членовите на машката екипа. Во првото коло се очекува победа над селекцијата на Макао, која е рангирана на 127 место.

Во женската селекција се Габриела Коскоска, Бојана Бејатовиќ, Моника Стојковска, Драгана Николовска и Симона Лакинска. Тие се рангирани на 68 место во конкуренција на 129 земји учеснички. Во првото коло тие ќе се соочат со Индија која е шесторангирана селекција и важи за голем фаворит на оваа олимпијада.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk