Италија, Холандија и Аргентина со пласман на Мундијалот

11.09.2013 08:03 | KumanovoNews

Натпреварите кои синоќа се одиграа донесоа интересни резултати, а промовираа две репрезентации од Европа како учесници на СП во 2014 година.

Италија, Холандија и Аргентина со пласман на Мундијалот

По синоќешните дуели две селекции веќе си го обезбедија местото на Светското првенство. Се работи за Италија и Холандија, а уште четири се надеваат дека веќе на 11 октомври ќе им се приклучат.

Двете селекции на синоќешните натпревари остварија победи во квалификациските групи и веќе создадоа недостижна предност пред своите ривали.

Италија со пресврт ја совлада Чешка со 2:1, а Холандија славеше на гостувањето кај Андора со 2:0.

Сосема очекувано, до пласман на ЕП во Бразил обезбеди и Аргентина која до 5:2 славеше на гостувањето кај Парагвај.

На Светското првенство на овие репрезентации од сношти им се придужија и Сад и Костарика.

На двата натпревари пред квалификациите Аргентина е на првото место со 29 бодови, седум повеќе од петопласираниот Уругвај.

Првите четири репрезентации одат директно на Мундијалот, а петата репрезентација игра бараж натпревар.

Со овие натпреварувања, бројот на сигурни учесници ја достигна бројката до десет, каде заедно со домаќинот се и Јапонија, Иран, Австралија, Холандија, Јужна Кореја, Холандија, САД, Италија, Аргентина и Костарика.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk