Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Фудбалерот на Јувентус Алесандро Дел Пјеро,стана рекордер во италијанскиот фудбал по бројот на постигнати голови за еден клуб. Тој изјавил дека е среќен поради тоа, но несака премногу да слави.
Дел Пјеро во саботата на натпреварот на 34 коло. во серијата А против Катанија (2:2) постигнал два гола и така станал најдобриот стрелец во историјата на италијанскиот фудбал со 283 голови за еден клуб.
Среќен сум поради тоа, но тоа се само бројки - изјавил фудбалерот за медиумите.
Дел Пјеро (36) го урнал предходниот рекорд на Џузепе Меаца, кој за Интер постигнал 282 гола.Капитенот на Рома Франческо Тоти до сега постигнал 258 голови.
Италијанскиот рекордер на голови пред два месеци изјавил дека сака да го продолжи договорот со клубот, а управата сеуште не му понудила.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk