Ива Димитриевска освои злато и сребро во Штип

15.06.2015 08:48 | KumanovoNews

Пингпонгарката Ива Димитриевска од пинг-понгарскиот клуб “Куманово“, освои златен и сребен медал на интернационалниот турнир “Меморијал Борче Кикиритков“ во Штип.

Ива Димитриевска освои злато и сребро во Штип

Со ова пингпонгарката успешно ја завршува сезоната 2014/2015.

“Од Штип се враќаме со пехар, со златен медал во пионерска конкуренција и сребрен медал во младинска конкуренција. Во категорија на пионерки победени се сите шест противнички со 3/0 и со ниту еден изгубен сет, а во категорија на младинки го изгубивме само финалниот натпревар со 3/2 со пет години постарата и поискусна  пингпонгарка од Крива Паланка“ - вели тренерот Мики Трендафиловски.

Во среда заминуваат во Сараево, БИХ, со репрезентацијата на Македонија на меѓународен турнир и се надеваат на успех. По овој натпревар ќе имаат десетина дена пауза, а потоа ќе следат подготовки за наредната сезона.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk