Ивица Обрван-нов селектор на машката ракометна репрезентација

11.03.2013 09:53 | KumanovoNews

Македонија се надеваше дека со помош на хрватскиот стратег Лино Червар ќе вплови во подобри ракометни денови, но друг негов сонародник е главен кандидат за селектор.

Ивица Обрван-нов селектор на машката ракометна репрезентација

Ивица Обрван, поранешниот тренер на Загреб, Горење, Медвешчак и Метковиќ е главен кандидат да биде новиот селектор на македонската сениорска репрезентација.

Ова откако опцијата Лино Червар да седне на селекторската клупа била речиси невозможна иако конкурсот што го распиша РФМ за нов предводник на ракометарите се уште трае.

Според „Дневник“, Ивица Обрван бил контактиран преку посредници и тој прифатил да биде селектор. Тој е поранешен хрватски репрезентативец и има бронза од ЕП 1994.

Обрван нема добро искуство со Македонија, зашто токму Вардар му ја загорчи судбината лани полуфиналето од СЕХА лигата кога го елиминираше неговиот Загреб по што доби отказ.

За избор на нов селектор е распишан конкурс, а рокот истекува в среда. Според најавите, Македонија ви требало да добие наследник на Звонко Шундовски најдоцна до петок.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk