Ивковиќ размислува да се врати на клупата на Србија

22.02.2011 15:32 | KumanovoNews

Грчките медиуми тврдат дека Душан Дуда Ивковиќ би можел да се врати на клупата на Србија доколку во кошаркарскиот сојуз на Србија се случат длабоки промени.

Ивковиќ размислува да се врати на клупата на Србија

Изворите на грчкиот спортски сајт „Спорт деј“ наведуваат дека легендарниот тренер не ја исклучува можноста повторно да ја преземе селекцијата на Србија доколку градоначалникот на Белград Драган Ѓилас бидне избран за претседател на КСС.

Ивковиќ во писмото својата оставка наведе дека неможе да ја извршува функцијата на селектор бидејки „во околностите кои се добро познати, физички и ментално не е спремен да продолжи со работата која ја започна 2008 година“.

Сегашниот претседател на кошаркарскиот сојуз Драган Капичиќ најави дека нема повторно да се кандидира за претседател, па јавноста почна со лицитација на потенцијалните кандидати, каде што во најтесен избор конкурираат Драган Ѓилас и Дејан Бодирога.

Градоначалникот на Белград таа препорака ја доби од самиот Капичиќ, како и Небојша Човиќ, Светислав Пешиќ, Божа Маљковиќ и други.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk