Избор на спортист на годината

09.03.2012 12:31 | KumanovoNews

 Општинскиот сојуз на спортови утре организира избор на спортист за годината. Традиционалната манифестација на прогласување на најдобрите спортисти ќе се одржи во ресторанот Грација со почеток во 12 часот.

Избор на спортист на годината

Награди и признанија за достигнувања во спортот ќе добијат поединци и екипи, јуниори и ветерани, како и претставници на училишните спортови.

Минатата година  Куманово достигна големи успеси во спортот. Четири екипи се натпреваруваа во првата лига и освоија извонредни резултати. Ракометарките, ракометарите, одбојкатите, кошаркарите, атлетичатите, боксерите исто така постигнаа одлични резултати.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk