Избор на спортисти на годината

16.03.2013 10:33 | KumanovoNews

 Утре ќе се оддржи спортската манифестација за избор на најдобри спортисти за 2012 година.

Избор на спортисти на годината

Наградени ќе бидат спортисти поединци и спортски клубови, кои лани постигнале најдобри резултати. Опфатени се сите спортови. Градоначалникот Зоран Дамјановски ќе им додели пехари, благодарници на најдобрите. Имињата на најдобрите спортисти ќе бидат соопштени - рече Драган Божиновски, секретар во Општински сојуз на спортови.

Изборот на најдобри спортисти на годината има долга традиција, и оние кои се истакнале во спортот награди добиваат повеќе од 30 години.

Настанот ќе почне во 12 часот напладне во ресторан Грација.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk