Јаков Јакимовски освои второ место на пинг-понг турнир во Берово

19.03.2025 11:57 | KumanovoNews

Пингпонгар Јаков Јакимовски од Пинг-понг клуб "Куманово“ го освои второто место и се закити со сребрен медал, на првиот Телеком мастер бодовен турнир за играчи до 19 години, кој се одржа викендов во Берово. 

 

Јаков Јакимовски освои второ место на пинг-понг турнир во Берово

„Со одлична и дисциплинирана игра Јакимовски уште еднаш го потврди својот талент. Ги испочитува сите однапред договорени тактички упатства и резултатот не изостана. Уште на самиот старт го елиминираше државниот првак во оваа категорија и продолжи во својот победоносен пат до финалето каде беше поразен од поискусните Лука Стојчев“, истакна тренерот Мики Трендафиловски.

На турнирот зеле учество и Андреј Васевски, кој полека се враќа во форма по пауза од четири месеци, како и Јаков Кузмановски, кои играле во границите на нивните можности во овој момент.

По добриот старт од пролетниот дел од Прва лига за сениори, тренерот смета дека овој турнир за младата екипа бил предизвик за нови докажувања и резултати.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk