Јанески и Луковиќ остануваат во Куманово

03.08.2015 12:40 | KumanovoNews

Екипата на КК Куманово 2009 полека но сигурно успешно ја остварува својата цел да го задржи тимот кој ја имаше најуспешната сезона од реформирањето на овој клуб.

Јанески и Луковиќ остануваат во Куманово

Урош Луковиќ и Марјан Јанески ќе бидат дел од центарската линија на Куманово и оваа сеозна, одкако ги продолжија своите договори на уште една година.

Саша Аврамовиќ е на излезните врата од клубот додека Ѓекиќ е нов кошаркар на Лашко. Сеуште е непознат статусот на Димитар Караџовски чиј трансфер од Фени во Куманово беше и предвесник на големиот резултат. Според некои информации и тој е блиску до продолжување на договорот но сепак сеуште се чека официјална потврда од клубот за неговата иднина во Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk