Јотовски преку Катиќ ќе брка финале

03.08.2013 07:36 | KumanovoNews

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски  во полуфиналето на фјучрс турнирот во Сомбор ќе игра со домашниот тенисер Дејан Катиќ.

Јотовски преку Катиќ ќе брка финале

Пласманот на Јотовски во полуфиналето е негов најдобар пласман на еден турнир и со новите поени ќе го подобри рагот на АТП листата.

Јотовски се наоѓа на 1.106 место, додека Катиќ е  1.267 место на АТП листата .

Овие двајца тенисери ќе го играат вториот меѓусебен дуел и тоа повторно на терените во Сомбор. Првиот меч го добил Катиќ пред четири години (2009) кога во квалификациите (последно коло) за влез на главниот турнир го победил Јотовски со 6:4 и 6:1.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk