Јовановски: КК Куманово е сепак во право

01.04.2015 12:59 | KumanovoNews

Денешниот натпревар помеѓу КК Куманово и Карпош Соколи е одложен на неодредено време, а случајот ќе се расправа на повисоко ниво.

Јовановски: КК Куманово е сепак во право

Комисијата за натпреварување при МКФ, денеска доставила писмен допис до КК Куманово во кој го одложува натпреварот помеѓу Куманово и Карпош Соколи на неодредено време, а во исто време бара мислење од Агенцијата за млади и спорт и верификација од МКФ за тоа дали Соколи го имаат прекршено законот во кој требаше пред почетокот на Супер-лигата да бидат трансформирани во Акционерско друштво.

КК Куманово е сепак во право. Комисијата за натпреварување при МКФ утрово не информираше дека натпреварот е одложен а за овој случај  ќе бара мислење на повисоко ниво. Агенцијата за млади и спорт треба да процени дали е прекршен законот за трансформација на клубовите, кој всушност е донесен од Агенцијата за млади и спорт. Сето тоа ќе треба да биде верифицирано од кошаркарската федерација. Немаат право да бараат преигрување на натпреварот, всушност прашање е дали според законот Карпош Соколи има право да се натпреварува во Супер-лигата - изјави за КумановоЊуз Бане Јовановски.

Чекајки ја одлуката за Карпош Соколи, Куманово се подготвува за натпреварот во сабота на домашен терен против тимот на Кожув.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk