Јулија Николиќ нема да игра веќе за Македонија

05.06.2012 08:40 | KumanovoNews

 Јулија Николиќ или познатата Портјанко, по завршувањето на мечот со Турција и откако и обезбеди пласман на Македонија на Европско првенство во Холандија изјави дека нема повеќе да настапува за македонската репрезентација.

Јулија Николиќ нема да игра веќе за Македонија

На ЕП кое ќе биде одржано во декември во Холандија нашата решрезентација ќе игра без Јулија Николиќ, која по мечот објави дека ова е нејзиниот последен настап за „црвено-жолтиот“ дрес.

Ова беше последен меч во репрезентацијата. Веќе решив, сакам да се повлечам и да се посветам на клубските обврски. Им оставам простор на помладите, изјави Николиќ, која на мечот со Турција постигна 10 гола.

Таа ги одигра последните четири натпревари од квалификациите, двете против Франција и со Литванија и Турција и беше една од најзаслужните за пласманот на Европското првенство.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk