Јулија Николиќ потпиша за ЖРК Вардар

02.02.2013 10:59 | KumanovoNews

Македонската ракометна ѕвезда Јулија Николиќ следната сезона ќе ги брани боите на ЖРК Вардар.

Јулија Николиќ потпиша за ЖРК Вардар

Трансферот на поранешната репрезентативка беше и претходно најавен, а сега е и официјализиран откако од таборот на „црвено-црните“ потврдуваат дека двете страни ги договориле условите и потпишале едногодишен договор.

По три сезони минати во францускиот Арвор 29 и една во Звезда Звенигород, Николиќ реши повторно да се врати во Македонија и да ја продолжи кариерата во нашиот клуб. Со неа ЖРК Вардар СЦБТ за следната сезона добива големо  искуство и квалитет на бековската позиција – се вели во соопштението на интернет страната на ЖРК Вардар.

30-годишната ракометарка од 2003 до 2009 година насташуваше Кометал ЃП, а во меѓувреме доби македонски пасош и стана репрезентативка на Македонија.

На Европското првенство во Србија во декември минатата година, Николиќ  ја заврши репрезентативната кариера со вкупно 60 одиграни мечеви и 201 постигнат гол.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk