Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Селекцијата на Камерун,победи во пријателскиот меч со Македонија на националната арена „Филип втори“ денеска со 1-0
Во 75 минута, Мбута го искористи невниманието на македонската одбрана и го искористи за да го матира Един Нурединовски.
На катасторфалниот терен на Арената, кој повеќе личеше на приградско запуштено игралиште, отколку на терен на најголемиот национален фудбалски стадион, двата состави не можеа да одиграат подобар меч поради тешкотиите во контролата на топката, што им го предизвика теренот.
Македонија може да жали што не успеа да победи против Африканците, па серијата на пресметки со тимовите од „црниот континент“ и понатаму не оставаат без победа, затоа што во првите две пресметки игравме нерешено, со Египет 2-2 и со Нигерија 0-0.
„Црвено-жолтите“ не остварија посакуван резултат со кој идниот месец полни со самодовреба ќе патуваат во Даблин на мегдан на Република Ирска, каде ќе ги продолжат квалификациите за ЕП во Полска и Украина, кои поради лошиот старт речиси да се загубени.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk