Канаѓаните најуспешни на Зимските олимписки игри

11.02.2014 08:58 | KumanovoNews

По само три дена од почетокот на ЗОИ во Сочи, најуспешни се Канаѓаните чии спортиски досега имаат освоено 7 одличја.

Канаѓаните најуспешни на Зимските олимписки игри

Спортистите на Канада досега освоиле 7 медали и тоа 3 златни, 3 сребрени и една бронза.

По нив следува Холандија со ист број на освоени медали од кои три златни, па Норвешка со вкупно 7 одличја, но 2 злата.

Вкупно 19 држави имаат освоено медали, а 11 златни.

Денеска ќе бидат поделени 8 комплети медали во следните дисциплини:

-биатлон пурсиут 10 км. (жени),

-крос кантри - спринт (мажи и жени),

-слободно скијање - слупстајл (жени),

-санкање (жени),

-ски скокови (жени),

-сноуборд - халфпајп (мажи) и

-брзо лизгање - 500 метри (жени).

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk